
Португалската репрезентација е светски првак во фудбал на песок, откако синоќа во финалето го совлада италијанскиот тим со 6:4.
За Португалија ова е трет наслов на Мундијалите.
Најуспешна селекција во историјата на ова натпреварување е Бразил со 14 трофеи.
Во натпреварот за третото место, Русија ја победи Јапонија со 5:4.
Дваесеттиот Мундијал се играше во Парагвај.