
Во среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“. Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 4 декември љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче.
Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање.