
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре (среда) се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје, па без електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.
• во периодот од 08:30 до 15:30 часот дел од корисниците од с. Усје т.е. улиците 1, 4 и 6 на крајот на селото. (Општина Кисела Вода)
• во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од с. Ракотинци. (Општина Сопиште)
• во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 10 во с. Долно Соње. (Општина Сопиште)
• во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од ул. Јуриј Гагарин од бр. 87 до бр. 99. (Општина Карпош)