
Поранешниот долгодишен претседател на Зимбабве Роберт Мугабе, зад себе оставил 10 милиони долари и неколку недвижнини, може да се види од денеска објавениот список со неговото богатство, што тој го остави зад себе.
Многумина во Зимбабве, меѓутоа, сметаат дека овој имот е прескромен за Мугабе, кој со земјата владееше 37 години, и кого критичарите го обвинуваа дека има акумулирано огромно богатство и дома и во странство, пренесуваат американските медиуми.
Весникот „Хералд“ не го наведува имотот на Мугабе во странство, иако се претпоставува дека имал неколку недвижнини во Јужна Африка и Азија.
Медиумите пишуваат и дека Мугабе, кој почина во септември, најверојатно не оставил тестамент и дека неговата сопруга и децата ќе го поделат наследството, во согласност со законот.
Наследството опфаќа и една фарма, 10 автомобили и 11 хектари земја.