Само Кичеец призна вина во случајот „Рекет“

Запрашан од судијката дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, Зоран Милевски Кичеец пред судот одговори „Да, чувствувам вина“.

По ова беше прашан дали е свесен за последиците што ќе следуваат по ова признание на вина, како и дали некој му правел притисок.

Милевски одговори: „Свесен сум за последиците и признанието го давам свесно без присила од никого.“

Бојан Јовановски и Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ не признаа вина.

Јанева на прашањето дали чуствува вина одговори: „Ниту тронка вина не чуствувам“.

Судењето  е во тек.