
Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на српската држава Александар Вучиќ ќе остварат средба утре во Сочи, а во фокус на нивните разговори ќе бидат билатералната соработка и меѓународните прашања, соопшти Кремљ.
Вучиќ, како што се наведува, ќе допатува во работна посета на Русија.
Двајцата лидери „планираат да разговараат за клучни прашања околу билатералната соработка, како и за регионални и меѓународни проблеми“, се додава во соопштението.