Падна прва пресуда за „Рекет“- Кичеец доби три години затвор

Зоран Милески Кичеец денеска доби казна затвор од три години, а во истата казна ќе биде пресметано и поминатото време во притвор, ова денеска го изрече Кривичниот суд во Скопје.

Судскиот преоцес „Рекет“ продолжува во петок против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.