Во Хрватска официјално почнува изборната претседателска кампања

Потписи за поддршка беа поднесени од 12 кандидати, а Слободан Миџиќ, кој поднесе само еден потпис за поддршка до ДИК (само својот потпис), наместо 10.000, нема да биде во трката.

Другите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Ѓапиќ и Недеjко Бабиќ.

Иако кампањата официјално започнува денеска, таа практично трае од летото оваа година, а според Јутарњи лист, најмногу пари во таа цел троши сегашната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.