
Секој од нас ужива да се опушти со шолја кафе, особено во утринските часови, пред да започне работниот ден. Овој ароматичен напиток е многу корисен за нашето здравје, но доколку го приготвите на правилен начин, ефектот станува помоќен.
Прочитајте кои 3 состојки може да ги додадете во кафето, при што ќе го забрзате и зајакнете вашиот метаболизам трипати повеќе.
Кокосово масло
При консумирањето кокосовото масло создава чувство на ситост, што може да трае дури до 5 часа. Покрај тоа што, на овој начин ќе го спречите нездравото хранење, маслото ќе ви помогне и да ја подобрите и мозочната функција.
Мед
Медот не само што го обновува и забрзува метаболизамот, воедно ги регенерира и ткивата, има антивоспалително и антибактериско својство и е одлична замена за нездравите слатки.
Цимет
Циметот е еден од оние зачини кои значително многу го подобруваат метаболизамот и сите дигестивни процеси. Помага во намалувањето на шеќерот во крвта и во побрзо разградување на наталожените масни наслаги.
Како да го приготвите вашето кафе.
Потребни состојки
0,25 мл кокосово масло, половина супена лажица мед, 1 кафена лажица цимет и 1 кафена лажица какао (по желба)
Начин на подготовка. Измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ги во стаклен сад, во ладилник.
Начин на употреба: секое утро додадете по 1 кафена лажица од смесата во вашето свежо варено кафе и насладете се на ароматичното задоволство со бројните лековити придобивки.