
Денес, 53 американски волонтери на Мировен корпус Северна Македонија положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 800 американски граѓани кои служеле во Северна Македонија од 1996 година. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Македонија соработувајќи со наставници, ученици, и организации.
На церемонијата присуствуваа амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз, претставници на министерствата и општините, директори на училишта и други соработници, како и семејствата-домаќини на волонтерите. Волонтерите ќе почнат со својата служба во сабота.
„Волонтерите, не само што го претставуваат најдоброто што му го нуди Америка на светот, туку со себе го враќаат и најдоброто што може Северна Македонија да го понуди на светот и на Соединетите Американски Држави, градејќи долговечен мост на соработка меѓу луѓето“, рече амбасадорката Кејт Мари Брнз.
Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.
„Кај граѓаните на Соединетите Американски држави постои голем интерес да бидат волонтери во Северна Македонија. Тоа се луѓе кои се талентирани, посветени, паметни и подготвени да започнат со работа, а резултатите од нивната работа се извонредни”, рече директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија Марк Ханафин.
Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.