
Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година.
Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.