
Маж во американската сојузна држава Тенеси, кој е прогласен виновен за убиство на својата поранешна девојка така што ја запалил во својот автомобил во 1991 година, е погубен во четвртокот на електрична столица во Нешвил, соопштија затворските власти.
Станува збор 20-oт затвореник во САД и третиот во Тенесеи кој е погубен во 2019 година, според информативниот центар за смртна казна.
Сега 54-годишниот Ли Хол е прогласен мртов во 19,26 часот по локално време во затворот со максимална безбедност Ривербренд во Нешвил. Хол во 1992 година е осуден на смрт поради убиството на 22-годишната Трејси Крозиер
Во средата гувернерот на Тенеси, Бил Ли, изјави дека нема да интервенира во овој случај, ден откако Хол беше премесетен во ќелијата покрај комората за погубување.
Хол поднесуваше неколку неуспешни правни приговори пред државните и сојузните судови, по осудата за убиство со предумисла и подметнување пожар.
Врховниот суд во Тенеси претходно оваа седмица го одби неговото последно барање за одложување на извршувањето на казната, бидејќи сметал дека една од поротничките била пристрасна зашто била жртва на семејно насилство. Во четвртокот попладнето американскиот Врховен суд ја одби понудата за 11-часовно одложување на извршувањето.
Хол одбра смртната казна да биде извршена на електрична столица, и е четвртиот американски затвореник кој на овој начин погубен од 2018 година. Тенеси во 2014 година повторно започна да ја користи електричната столица за извршување на смртната казна, а која ќе се користи доколку затвореникот ја избере или доколку смртоносната инјекција не биде достапна.
Според судските списи, Хол ја полил својата поранешна девојка Крозиер со бензи и ја запалил во неговиот автомобил „нисан пулсар“, ноќта на 16-ти април 1991 година, по кавга пред куќата на неговата баба.