
Непознaти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакната во обид и тоа да биде прободено.
– На 06.12.2019 во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.