
Специјалци од утрово со десетици возила влегоа во Грчец, Арачиново и уште неколку скопски населби и села.
Претреси биле направени во 34 домови, а приведени се вкупно 12 лица, кои се товарат за предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста на службено лице и трговија со дрога и оружје. Од полицијата потврдуваат и дека дел од приведените се поврзани со пукањето во хотелот Александар Палас минатиот викенд.
Во акцијата биле запленети десетина возила, компјутери, наркотични средства, пари, како и цел арсенал на оружје – пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор. Од полицијата велат дека акцијата која се спроведуваше од рано утринава, била во координација со повеќе оддели од МВР, како и Основното јавно обвинителство.
Акцијата доаѓа откако минатиот викенд во хотелот Александар палас се случи вооружен инцидент, во кој се користеа калашникови. На тој инцидент му претходеле и закани упатени кон алафите, кои дошле да ги легитимираат лицата.