
„Масакрот“ на дрвјата во средното училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје започна денес во раните утрински часови, објавува Газета.мк.
-Овој грд и екстремно штетен чин за градот Скопје до ГАЗЕТА.МК го пратија многу граѓани кои биле во тој дел од градот кој не е повеќе од 1,5 километар од центарот на Скопје. Очекуваме надлежните од Град Скопје да излезат со образложение зошто се сечат овие дрвја стари повеќе од 50 години !?-пишува порталот.