
Според мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина вечерва најзагаден град во Македонија е Битола, со измерени над 382 ПМ 10 честички на метри кубен или над 7 пати повеќе од дозволеното ниво.
Нивото на загаденост на воздухот е измерено и во другите општини во Македонија, поточно во Тетово, Струмица, Кочани како и неколку делови од Скопје.