
Претседавачот со рускиот Национален одбор за антитероризам и директор на Службата за сојузна безбедност (ФСБ), Александар Бортников денеска изјави дека Агенциите за спроведување на законите треба да бидат подготвени да спречат евентуални терористички напади со дронови.
– Во 2020 година потребни се дополнителни мерки за да се неутрализираат претходно идентификуваните закани и веднаш да се реагира на повторените закани од терористички напади, посебно со употреба на летала, како и со опасни хемиски, биолошки и радиоактивни супстанци, посочи Бортников.
Тој додаде дека пакетот антитерористички мерки на територијата на северно-кавкаскиот сојузен округ „би требало да биде фокусиран на почетокот на конечната пресметка со вооружените криминалци и нивните шефови“.