
Парламентот на австралиската сојузна држава Западна Австралија денеска изгласа закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот.
Со тоа таа е втора австралиска држава во која е легализирана еутаназијата. Австралиската сојузна држава Викторија Закон за еутаназија усвои во 2017 година.
Можноста да се заврши животот со смртоносна комбинација на лекови во Викторија е достапна само до јуни.