
Грција дава по 700 евра за невработени и лица со ниски приходи. Социјалната мерка важи и за странците кои имаат право и живеат во земјата најмалку 10 години.
Социјално загрозените семејства во Грција добиваат еднократна помош од 700 евра, информираше Министерството за финансии на нашиот јужен сосед. Семејства со 4 деца и оние во кои најмалку еден или двајцата родители биле невработени повеќе од една година, имаат право на оваа помош. Истата сума се плаќа и за деца со посебни потреби.
Странците кои плаќаат даноци во Грција и престојуваат во земјата најмалку 10 години, исто така имаат право на помош.
Доставувањето на документи се врши електронски, а помошта ќе се исплати до крајот на годината.