
„Реалната стапка на годишен раст изнесува 3,6 проценти, а остварувањата засега се во рамки на очекувањата. Во однос на факторите на раст на економијата, позитивен придонес има домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Растот на економијата во првите три квартали од годината изнесува 3,6 проценти и е во согласност со проекциите за овој период од годината“, велат од Народна банка.
Од таму проценуваат дека зголемена економска активност има и во четвртиот квартал. Остварената просечна годишна стапка на инфлација за периодот јануари-ноември изнесува 0,8 проценти и е малку под очекуваната инфлација од еден процент за 2019 година.
„Неизвесноста околу движењата на цените на примарните производи на светските берзи и натаму е главниот фактор на ризик за проекцијата на домашната инфлација за следниот период“, се додава во соопштението.