
Премиерлигашот Тотенхем најверојатно во јануари ќе остане без реализација на трансферот на Един Џеко кој е играч на Рома. Римскиот клуб ја отфрли понудата на Британците, објавија англиските медиуми.
Рома нема намера да се раздели со 33-годишниот босански репрезентативец во зимскиот преоден рок. Договорот на Џеко со „римската волчица“ важи до 2022 година.
Оваа сезона тој настапи на 19 натпревари за Рома, постигна осум гола и забележа три асистенции.