
Демонстрантите во североисточна Индија и денеска запалија гуми и блокираа патишта и железнички пруги, спротивставувајќи се на давањето државјанство на прогонетите Хиндуси и други верски малцинства од Пакистан, Бангладеш и Авганистан каде мнозинството население е муслиманско.
Долниот дом на индискиот Парламент, во кој националистичката влада на Нарендра Моди има мнозинство, го донесе законот во понеделникот, а за д стапи во сила треба да го изгласа и Горниот дом каде денеска е на дневен ред, а за него ќе се изјаснат и помали, регионални политички групи.
Полицијата областа Дибругар во сојузната држава Асам употребила гумени куршуми, палки и солзавец за да ги растера демонстрантите.
Демонстрантите вчера организираа 11-часовна блокада во областа, истакнувајќи дека се против предлог законот, затоа што стравуваат дека уште повеќе мигранти кои нелегално влегле во Индија, ќе преминат во пограничната област и „ќе ја разводнат“ тамошната племенска култура.