13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Ацевски: Пред избори очекувам нови 30-тина вработувања за да се справиме со работата

Максим Ацевски, новоизбраниот директор на Државниот завод за ревизија, во интервју на Топ тема на телевизија Телма рече дека институцијата има потреба од вработување на нов кадар, бидејќи од предвидените 145 вработени, сега има 90.

-Годишната програма требаше да биде до крајот на ноември, но таа се уште не е донесена. Верувам дека наредна недела ќе преземеме активни мерки за подготвување на програмата, сите аспекти ќе ги погледнеме, но ќе ми дозволите да го повикам невладиниот сектор да поднесат предлози за кои сметаат дека треба да бидат предмет на ревизија. Ќе ги разгледаме и ако ги исполнуваат критериумите ќе бидат вклучени во годишната програма. Сметам дека има време за вработување пред изборите. Пред избори очекувам 25-30 вработувања, за да можеме да се справиме со работата, вели Ацевски.

Според него, Државниот завод за ревизја ќе биде блокиран да ги следи само политичките партии во изборни кампањи ако се прифатат измените на изброниот законик. Институцијата нема доволно кадровски капацитет за да го спроведе она што од неа се бара со новите надлежности кои треба да ѝ се дадат.

Во однос на тоа што ревизорските извешати остануваат само испшани на хартија и немаат правен епилог за она што таму е наведено како ненаменско и незаконско трошење, Ацевски најавува дека ќе бара средби со јавниот обвинител и министерот за внатрешни, Љубомир Јовески и Оливер Спасовски.

Ацевски изјави дека јавното обвинителство упатило барање за помош од заводот за ревизија за констатирање на одредени постапки кои се вршеле во Специјалното јавно обвинителство во однос на платите и бонусите кои ги добивале обвинителите и дали тие биле согласно законите или спротивно на истите.

-Пристигнати се одредени барања од обвинителство каде бараат помош од Државниот завод за реивизја да помогнеме во начинот на констатирање на одредени постапки дали се во рамките на законот или спротивни на законот, вели Ацевски.

Тој смета дека нема потреба да се врши целосна ревизија на субјект кој веќе не постои и дека нема кому да бидат упатени препораки од она што би било ревидирано.

-Кој е ефектот на ревизија на субјект кој не постои повеќе. Кому ќе бидат упатени препораки за субјект кој не постои. Не гледам зошто ова би се ревидирало. Државниот завод за ревизија може да констатира одредени постапки кои можат да бидат предмет на истражување. Доколку надлежните органи имаат потреба од човечки ресурси од заводот за ревизија, ние ќе помогнеме, вели Ацевски.