
Унгарија од воведувањето на санкциите за Русија изгубила приходи од осум милијарди американски доалри поради падот на трговската размена меѓу двете земји, изјави ви петокот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Ние Унгарците од воведувањето на санкциите изгубивме осми милијарди долари. Нашата задача е да им обезбедните поддршка на унгарските компании на рускиот пазар“, рече шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на цеременонијата на отворањето на партнерската канцелари на Унгарската агенција за развој на извозот (HEPA), кого го цитира агенцијата РИА:
„Кога зборуваме за Европската унија и односите со Русија обично слушаме ‘конфликти’, ‘дискусии’. Но тоа е само на површината. Многу често тоа е како театарска претстава, Затоа што, ако ја погледнете вистинската содржин на овие работи, тогаш ќе видиме дека има многу силна економска соработка меѓу западноевропските земји и Русија, во сферата на комерцијалата, трговијата, инвестициите…“, истакнал Сијарто.
Според првиот унгарскиот дипломат, Германија минатата 2018 година ја зголемила својата трговска размена со Русија за 56 отсто, Франција за 45 а Италија за 37 проценти.
„Покрај тоа, трговската размена на Германија минатата година надминала 60 милијарди долари. Во 2014 година, уште пред санкциите, ние имавме промет од 10 милијари долари. Минматата година изнесуваше 6,7 милијарди долари… Достигнавме само две третини од размената од 2014 година“, појаснил Сијарто додоавајќи дека доколку Унгарија не ги поддржува своите претпријатија на рускиот пазар, тогаш „нема потреба да сметаме на натамошен успех“.
Во петокот во Москва беше отворена партнерската канцеларија на Унгарската агенција за развој на извозот. Задачата на агенцијата HEPA e да го олесни влезот на странските пазари за унгарските компании кои нудат конкурентни извозни производи, технологии и услуги, земајќи ги предвид посебностите на одредена земја. Канцеларијата ги опфаќа Русија, Казахстан, Белорусија, Грузија и Азербејџан.