
Повеќе автобуси, кои направија блокади на неколку улици во Скопје, отколку народ. Владејачката партија СДСМ денеска како што долго најавуваше, ја одржа завршната трибина во салата Борис Трајковски во Скопје. Но, иако покрај жителите на главниот град, граѓани беа носени организирано со десетици автобуси од разни градови од цела Македонија, сепак, салата остана полупразна.
Дали е тоа потврда дека партијата СДСМ е во страв и паника од очигледната и се помала доверба од страна на граѓаните.
Доказ дека СДСМ и Зоран Заев ќе доживеат пораз на изборите на 12 април в година, како што во многу наврати посочува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е и оваа денешна случка на трибината на СДСМ, кога иако дојдоа гражани со автобуси од речиси секое место во Македонија, беа малубројни и не ја наполнија салата Борис Трајковски.