16.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025

Томислав Димитровски ќе биде разрешен од ВМРО ДПМНЕ

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека советникот Томислав Димитровски ќе биде разрешен.

Според Мицкоски, без разлика што се знаат од детството и се работи за квалитетен кадар, во ВМРО-ДПМНЕ нема место за луѓе кои ја земаат правдата во свои раце.

За потсетување, Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата.