16.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025

Заврши Вториот конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Шестотини делегати го поддржаа Весел Мемеди на Вториот конгрес на Националната демократска преродба, со што тој повторно е избран е за претседател на партијата.

На вториот Конгрес на НДП, во својство на поканети гости, учествуваа високи претставници од албански партии од Македонија, Албанија и Косово, претставници бизнис секторот и медиумите.

Конгресот го поздравија претставници од политичките партии од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, како и преставници на амбасадите и други релевантни меѓународни организации.

Делегатите на вториот Конгрес на НДП, избраа 90 членото Централно собрание, кое што во наредниот состанок ќе го избере и Централното претседателство, генералниот секретар како и блиското претседателство. Делегатите, исто така, едногласно го усвоија и Статутот и Порграмата на партијата.