
Во експлозијата во паб во центарот на Подгорица, што се случи утрово околу четири часот, оштетена е и зградата на бугарската Амбасада.
Кабинетот на бугарскиот конзул има скршени прозорци и една врата, поради што полицијата, заедно со вработените од дипломатската мисија, спроведоа увид, јавија црногорски медиуми.
„Конзулатот ќе ја санира штетата без понатамошна истрага“, соопшти полицијата.