Шилегов: Алкохол многу ретко пијам

Градоначалникот Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа доби прашање од гледач за тоа од која ракија најмногу болела глава. Инсистираше Шилегов да одговори на прашањето, а тој рече дека тоа е црна кампања против него.

-Кога бев жесток перјаник на, во тоа време опозицијата, тогашната власт не можеше да најде слаба точка на Петре Шилегов и тогаш почна црната пропаганда дека сум алкохоличар. Јас тоа гледам дека се случува. Тоа е црна кампања, а јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, одговори Шилегов.