
Скопје никако да се симне од листата на најзагадени градови во светот, а освен греењето на домаќинствата, сообраќајот, загадениот воздух во голема мерка доаѓа и од депониите и ѓубрето кои се вообичаена слика за метрополата.
Примерите се бројни, а меѓу нив, згрозувачка глетка која очигледно сѐ уште не дошла на дневен ред на комуналното претпријатие, е делот покрај Вардар спроти елитниот Парк Хотел и Спа.
И како што е редот, на најубавите места во Скопје, покрај река, се создаваат и најголеми депонии.
Апсурдот да биде поголем, чудно е како ова купиште ѓубре, не е „забележено“ од заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи, еден од најбогатите стопанственици во Македонија и сопственик токму на хотелот во Градскиот парк, пред којшто се наоѓа оваа депонија.