ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија се соочува со тренд на дезинвестиции

„Македонската економија веќе втора година по ред, додека СДСМ е на власт, се соочува со тренд на дезинвестиции што практично го намалува производниот и извозниот потенцијал на земјата. Тоа се разбира предизвикува забавување на економскиот раст, помалку вработувања, пониски плати и животен стандард, објави Комисијата за економија на ВМРО ДПМНЕ.

-Имено, во 2018 година јавните и приватните инвестиции бележат негативни стапки. Јавните инвестиции (капитални инвестиции од буџетот, инвестиции на општините и јавните претпријатија) се намалиле за 17% (од 496 милиони евра на 412 милиони евра) или за цели 84 милиони евра, додека домашните приватни инвестици се намалиле за 31% (од 1.583 милиони ерва на 1.091 милиони евра) или за цели 492 милиони евра. Дополнително, приливот на СДИ во 2019 година бележат историски најниско ниво и заклучно третиот квартал изнесуваат само 113 милиони евра.