-0.2 C
Skopje
среда, април 9, 2025

(ВИДЕО+ФОТО) Во Холивуд е прикажана премиерата на последниот филм ,,Војна на ѕвездите”

Живописните дроиди и војници во оклопи  рамо до рамо со холивудските sвезди учествуваа на светската премиера на филмот „Војна на вездите: Подигнување на небесната ѕвезда“, деветти и последен продолжеток од познататиот научно фантастичен сериjал.

Поради големата премиера во понеделникот вечерта, компанијата ,,Дизни” го затвори целиот блок во центарот на Холивуд каде беше домаќин на долгоочекуваната филмска премиера, а филмот од четврток ќе почне да се прикажува во кината .

Асистентите ги испраќаа гостите на нивните места со ласерски мечеви, вклучувајќи ги и филмските актери – Дејзи Ридли и Марк Хамил ,а тепихот не беше црвен, туку син како небото. Репликите на тројца борци на sвездите висеа над шаторот како складиште на вселенски бродови.

Актерот Харисон Форд, чиј лик Хан Соло почина во седмиот филм „Силата се буди“, се приклучи на премиерата. Се појави и Адам Драјвер, кој го отелотвори витезот на Темната страна ,Кило Рен.

Меѓу познатите личности кои не се вклучени во филмот, на тепихот се појавија и  режисерите Стивен Спилберг и Спајк Ли и актерката Франсис Мекдорманд.

Со флмот „The Rise of the Skywalker“ завршува филмската франшиза која заработи 9,2 милијарди долари во благајните за повеќе од 40 години.

Завршува со приказната која започна пред 42 години во 1977 година, кога режисерот Џорџ Лукас ја запозна публиката со еден млад херој по име Лук Скајвокер и го воодушеви светот со металните роботи наречени дроиди, трка на високиот, влакнест воин Воки и многу други легендарни ликови.

Иако со овој филм се завршува сагата на семејството Скајвокер, Дизни сепак има намера да ја искористи оваа тема и да заработи одлично со оживување на нова „sвездена“ серија во која ќе има нови ликови.