
Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Одборот за наградата, со кој претседаваше Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.