
Времето во Македонија во четвртокот ќе биде претежно облачно, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено.
Утринската температура се движи од минус еден до пет Целзиусови степени, а дневната температура од шест до 14 степени.
Во Скопје и околината ќе биде облачно. Утринската температура се движи до еден степен, а дневната температура до шест степени.
Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.