
Маж кој пукал во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и кој ранил двајца службеници, е убиен и идентификуван, но неговиот идентитет се уште не е објавен, изјави за руски медиуми извор од полицијата.
Портпаролот на руското Министерство за здравство рече дека двајца офицери на ФСБ биле ранети во инцидентот, негирајќи ги претходните извештаи во медиумите дека тројца луѓе загинале.
Пукањето се случило во близина на зградата на ФСБ во центарот на Москва, недалеку од Кремљ и Црвениот плоштад.
Рускиот истражен комитет започна истрага, а портпарол на рускиот претседател објави дека за инцидентот бил известен Владимир Путин.
Маж на возраст од околу 30 години пукал на двајца полицајци пред амбасадата на Камбоџа во центарот на Москва.
„Човекот, кој шетал на улицата Сивцев Вражек, отворил оган кон полициските службеници без очигледна причина додека минувале“, рекла Јулија Иванова од руската Комисија за истражување.
На снимката се гледа како двајцата полицајци се кријат зад автомобилот за да се заштитат од пукањето. Бруталниот напад траел околу една минута, кога напаѓачот бил застрелан.
Полицијата го идентификувала напаѓачот како Ренат Кунашев, од провинцијата Кабардино Балкарија на северен Кавказ.
Мотивите за овој напад не се јасни, но полицијата соопштила дека не верува дека тој има било какви активности со исламските екстремисти и нивните акции на северен Кавказ.
Напаѓачот пукал на двајцата полицајци во близина на министерството за надворешни работи во Москва, а нападнатите полицајци се дел од специјален одред задолжен за чување на странски дипломатски претставништва во Русија.
До нападот во Москва дошло неколку дена по серијата напади на исламските екстремисти во понеделникот во Чеченија, за што одговорност преземала Исламската држава, а во кои загинале најмалку пет малолетни екстремисти и ранети неколку полицајци.
Полицајците обезбедувале едно од дипломатските претставништва во руската престолнина, а 500 метри од местото на инцидентот се наоѓа и амбасадата на Филипини.