Делови од Кисела Вода, Припор, Пинтија, Шуто Оризари денеска без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека на ден 20.12.2019 год. (петок) се планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Стефан Верковиќ, дел од ул. Лазар Димитров, дел од ул. Добромир Хрс, ул. Евтим Спространов, ул. Трајко Иванов, Цела ТС 11- ти Октомври 4 како и ул. Димитар Мирасчиев. (Општина Кисела Вода)

во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од водоводот од Припор. (Општина Кисела Вода)

во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од улиците Саса, Јабланица, 1523 и сите други во населба Пинтија, со исклучок на делот кај Градинката и Школото како и сите стопански и нестопански објекти во населба Пинтија особено делот кај куќите. (Општина Кисела Вода)

во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од фирмата Рис инжинеринг. (Општина Шуто Оризари)