
Поминаа 2 месеца откако Владата го промовираше планот за субвенционирање на кондиционери Инвертер, но се чини дека оваа мерка не е до никаде. Ниту Владата ниту Министерството за животна средина не даваат одговор зошто доцни доделувањето на субвенциите иако има значителен број на граѓани кои аплцирале за оваа мерка. Единствената информација од владата е дека на 171 седница одлучено е 10 милиони евра да се префрлат во општините Скопје, Тетово, Кичево и Битола.
Спред ТВ21, се дознава дека работата заглавила кај одредувањето критериуми кој може да придобие од мерката, а кој не.
Кога Заев, Анѓушев, Нуредини и Макрадули ја претставија оваа радикална мерка како што ја нарекоа, кажаа и неколку критериуми кои жителите на овие 4 градови треба да ги исполнат.
Владината мерка која до сега е само на хартија, предвидува 10 илјади семејства да добијат по илјада евра за да купат инвертер.
Предвидено е 5200 да се доделат во Скопје, по 2500 во Тетово и Битола како и 800 во Кичево.