
Во реонот Каравуково кај Оџак, околу 6 часот утринава група мигранти се обидела со чамец преку Дунав да премине од територијата на Србија, на територијата на Хрватска.
Дошло до превртување на чамецот, и во таа прилика исчезнати се шест лица, четири возрасни и две деца. Во моментов трае потрагата по нив.
Останатите мигранти кои се превезувале во чамецот, успеале да се спасат.