
Бомба од Истанбул утринава.
Дијамантот Елиф Елмас се враќа во овој град, но не во Фенербахче каде беше пред 7-8 месеци, туку во лутиот ривал Бешикташ. Медиумите во Турција наголемо пишуваат дека Џенаро Гатузо, новиот стратег на Наполи сериозно одлучил да го испрати на позајмица нашиот репрезентативец и дека изборот паднал на Бешикташ.
Се споменува и некаков состанок со родителите на Дијамантот, сепак се ова е просто за неверување посебно ако се знае врската меѓу Елмас и Фенербахче.