
Nа денешната седница на Владата на Северна Македонија е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.