(ВИДЕО) Петмина повредени во стампедо во стоковна куќа во Австралија

Пет лица се хоспитализирани откако се случило стампедо во стоковна куќа додека со балони биле спуштени подарок картички за купување во трговски центар во предградие на австралиски Сиднеј.

На видеоснимката се гледа турканица на маса луѓе во трговскиот центар „ Westfield Parramatta“, кои се обидувале да дојдат до златните, сребрените и белите балони со подарок картичките.

Кога толпата навалила, неколку луѓе ја загубиле стабилноста и паднале, меѓу кои и човекот кој биле облечен како Дедо Мраз.

Џонатан Нот, кој сето тоа ги снимил, рекол дека бил загрижен дека некој би можел да биде повреден. „Не изгледаше како сигурна област, имајќи ја предвид големата толпа во јагмата по балоните“, додал.

Медицинската екипа повикана на местото на настанот пружила помош, а од дванасетте повредени петмина се пренесени во болница.

„Тројца од превезените пациенти имаат сериозни повредеи, вклучително и травматски повреди на градниот кош и болки во вратот и грбот, како и мачнина и вртоглавица“, соопштиле болнички извори.