
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека на ден 26.12.2019 година, четврток, поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од од ф -100 мм на бул. „Борис Трајковски“, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. „Борис Трајковски“ (од крак 2 до крак 10) и Фабриката за цемент – Усје во општина Кисела Вода.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ (кај кружниот тек), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица односно потегот од ул. „Наум Наумовски Борче“ до ул. „Аминта Трети“ во општина Центар.