
За прв пат од 1986 година во чернобилскиот град на духови Припјат е накитена елка.
Дрвото го украсиле поранешни жители на градот, и наместо вообичаените новогодишни украси, елката е накитена со фотографии од семејни албуми.
– Животот во Припјат се враќа. Ова станува необично, нестандардно туристичко место, изјави претставник на Агенцијата за управување со зоната.
Тој додаде и дека напуштениот град секојдневно го посетуваат туристи од целиот свет.