Германската влада одобрила рекорден извоз на оружје

Германската влада во текот на 2019 година одобрила рекорден извоз на оружје, според податоците коишто ги поседува новинската агенција DPA.

До 15-ти декември владата во Берлин одобрила извози во вкупен износ од 7,95 милијарди евра, што е најголемата сума од 2015 година, според одговорите на министерството за стопански активности на прашањето на двајца опозициски претеници од редовите на партиите Зелени и Левица.

Рекордната сума следи по тригодишниот пад од 2015 година кога е извезено оружје во вредност од 7,86 милијарди евра. Во споредба со минатата 2018 година, одобрениот увоз за годинава се зголемил за дури 65 отсто.

Во Унгарија, сојузничка во НАТО, Германија извезла оружје во вредност од околу 1,7 милијарди евра, во Египет за 802 милиони, а во САД за 483 милиони евра.

Одобрувањата кои ги издала германската влада остро се зголемиле веќе на почетокот од 2019 година. До средината на годината, извозните дозвиле веќе ги надминале оние од целата претходна година со 5,3 милијарди евра.

Министерот за економија и енергетика Петер Алтмаер рекол дека ваквите показатели се поради продолжувањето на процесот на формирање на новата влада по изборите во 2017 година, поради што тогаш многу предмети чекале на одобрување.

Уделот на особено контроверзните извози во ткн трети земји, кои не се членки ниту на ЕУ ниту на НАТО, или слични како Австралија, паднале оваа година од 52,9 на 44,2 отсто во споредба со претходната година. Апсолутните бројки пораснале за речиси милијарда евра. Меѓу 10-те најважни земји увознички на германско оружје има пет такви земји.

„Овие драматични бројки покажуваат дека целиот систем на контрола на извозот едноставно не дејствува“, изјавил Севим Дагделен, експерт за надворешна политика.