Ирачка воена база погодена со проектили

Неколку проектили се истрелани во петокот врз ирачката воена база К1 близу Киркук, во која се сместени ирачки и американски сили, соопшти ирачката армија.

Засега не е познато дали има жртви. Воени извори рекле дека пронашле лансирна рампа за повеќецевен ракетен фрлач „качуша“, во напуштено возило во близина на базата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Во воената база К1, која се наоѓа на околу 15 километри од Киркукр во северен Ирак, сместени се американски единици и ирачката сојузна полиција и антитерористичка единици на Ирак, според воени извори.
Џихадистите на Исламската држава во областа се повлекоа од обидот воено да ги соборат властите во Багдад, откако ирачката војска во 2017 година ја ослободи целата територија која беше под нивна контрола до декември пред две години.

Меѓутоа, висок американски воен претставник претходно месецов рече дека се засилуваат нападите на шиитски проирански групи врз американските сили во Ирак, како и дека тие напади стануваат сѐ пософистицирани, и се создава ситуација во која сите страни се движат кон неконтролирана ексалација.

Изјавата беше дадена два дена откако четири проектили истралани од „качуша“ ја погодија базата во близина на багдадскиот аеродром, ранувајќи притоа пет припадници на елитната ирачка антитерористика единица.