
Драгана Колевска, куќна помошничка на Боки 13, сведочеше денеска за „Рекет“. Таа откри дека во неговиот стан доаѓале градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, потоа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и пратеникот Александар Кирацовски.
– Доаѓаше и Венко Филипче, Радмила Шеќеринска, Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија и други. Куќата имаше безбедносен видео надзор. Чест гостин беше Зоран Милески, а понекогаш не ни тропнуваше на врата, туку влегуваше внатре. Доаѓаа и новинари од 1ТВ – рече сведокот.
Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.