Германците сакаат CDU да го кандидира Мерц за канцелар

Германците на местото на кандидат на кознервативната Христијанско-демократската унија (CDU) за канцелар, или ткн шпиценкандидат, би сакале да го видат Фридрих Мерц, покажува истражувањето на јавното мнение.

Според анкетата на YouGov, спроведена за германската новинска агенција DPA, 13 отсто од испитаниците би сакале Фридрих Мерц, како долгодишен политичар на CDU да ја наследи канцеларката Ангела Меркел на следните сојузни избори.

По Мерц, според полуларноста води челникот на сестринската баварска Христијанско-социјалната унија (CSU), Маркус Зедер со 8 отсто поддршка и политичкото протеже на канцеларката Ангела Меркел и актуелна челничка на CDU, Анегрет Крамп-Каренбауер со 5,2 отсто поддршка. Следат премиерот на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Ласхет со 5,0 отсто и сојузниот министер за здравство Јенс Шпан со 4,7 отсто поддршка.

Повеќето анкетирани, односно 59 отсто, рекле дека не би избрале ниеден од овие кандидати за канцелар или не сакале воопшто да се изјаснат во анкетата.

Меѓу гласачите на CDU убедливи според популарноста води ипоранешниот шеф на пратеничката група во Нуднестагот – Мерц, со 23 отсто од гласовите, следи Зедер со 14 отсто, а само 10 отсто би ја избрале Крам-Карембауер.

Мерц пред една година тесно ја загуби трката за претседател на партијата против Крам-Каренбауер.

Од друга страна само третина од анкетираните Германци сметаат дека Социјалдемократската партија на Германија (SPD) треба да номинира за канцелар на следните избори, а дури 39 отсто сметаат дека оваа партија, чијашто популарност падна под 20 отсто, не би требало никого да кандидира.

Повеќето од оние коишто гласаат за SPD, сепак, сакаат партијата да има шпиценкадидат кој би бил канцелар доколку партијата победи – 56 отсто се „за“, а 28 проценти се „против“.фридрих мерцКандидат за канцелар на SPD сакат и гласачите на партијата Зелени – 52 отсто, и на партијата Левица – 48 отсто. Така, се смета дека доколку овие две партии би се здружиле со SPD во коалиција, Германија веројатно би добила социјалдемократски премиер. Меѓутоа, во овој момент во анкетите Зелените водат пред SPD.