
По завршувањето на средбата со Али Ахмети, Христијан Мицкоски изјави дека имале успешна средба и му го презентирал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи.
-Соглсано праксата и законот, денеска имав кратка, но успешна средба со Ахмети каде разговараме за кадровското решение за МВР, односно профилот на личноста која ние ја предлагаме. Очекувам дека ќе имаме исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после средбата ќе го откриеме името на министерот. Станува збор за професионално решение, рече Мицкоски.
Кандидатот за МВР е професионално решение, ќе го соопштиме по средбата со премеирот Зоран Заев
Министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада е професионално решение, но неговото име ќе се знае по средбата во владата, изјавија претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по конуслтациите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од каде што замина на средба со премиерот Зоран Заев.