Регистрирана невообичаено топла област во океанот крај Нов Зеланд

Сaтеитските снимки на јужниот дел од Тихиот Океан покажале дека источно од Нов Зеланд се наоѓа голема област на невообичаено топол океан, пренесува CNN.

Температурата на водата е за околу 5 Целзиусови степени повисока од просекот за овој период од годината во оваа област, вели Џејмс Ренвик, професор и декан на факултетот за географија на универзитетот Викторија во Велингтон.

„Жешката“ точка на површината на Тихиот Океан може да се види од Вселената и е најголемото натпросечно топло водено подрачје на Земјата во овој момент. Станува збор за површина од околу милиони квадратни километри.

„На површините на океаните нема толку вртоглави варијации. Само и еден Целзиусов степен е многу, па затоа пет степени се огромна работа“, вели Ренвик.

Многу ретко се забележува ваков феномен на толку голема површина, меѓутоа научниците велат дека благодарејќи на глобалното затоплување ќе стануваат сѐ почести.

„Површината на океанот го прави она што воздухот над неа ќе ѝ го каже“, појаснува Ренвик. Таа област примила многу сончеви зрачења, а немало западни ветворив кои би ги оддувале топлоте маси.

Загреаната област се гледа како голема црвена дамка на сателитските снимки на температурите на површината на океаните.

Ренвик додава дека источно одо ова невообичаено топла област, има невообичаено студена област која за 3 Целзиусови степена е постудена од просекот за овој период од годината.

Научниците не знаат колку во морската длабочина се спушта оваа топла област, но Ренвик преоценува дека не станува збор за повеќе од дваесетина метри, бидејќи е потребна огромна енергија за да се загрее толкава водена маса во текот на неколку седмици.

Пред неколку седмици научниците забележаа слична топла водена маса покрај Алјаска, и тогаш тоа му го припишаа на топењето на арктичкиот мраз.

Ваквите области на невообичаени затоплувања на површинските води на океаните во минатото предизвикуваше масовно умирање на морските животни, пропаѓање на коралите и алгите на дното на морињата.

Според неодамнешно истражување кое се заснова на податоци од 1926 до 2016 година, забележан е раст од 54 отсто ба брокот на водените топлински бранови кои се регистрираат секоја година. Од 1982 до 2016 година научниците забележале алармантен пораст од 82 отсто на бројот на деновите со „жешка“ површина на океаните.