17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Заев најави две нови фабрики на банкротирана компанија

Денеска помпезно беше најавена нова странска инвестиција, што би било одлична вест за државата, сепак доколку навистина се работи за инвестиција од реномирана компанија а не од компанија која од пред некој месец е пред банкрот.

Имено денеска премиерот во заминување Зоран Заев најави дека водечката светска компанија во автомобилскиот сектор, американската „Дура Аутомотив Системс“ ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2.

„Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании“, нагласи Заев, додавајќи дека со овие инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.

 

Сѐ би било идеално доколку тоа е навистина така, но фактите говорат поинаку. Компанијата „Дура Аутомотив Системс“ во октомври годинава објавува банкрот и е пред стечај. За проблемите на оваа компанија пишува и угледниот „Вол Стрит Џурнал“.

 

Постоечката фабрика во Македонија „Дура Аутомотив Системс“ започна да ја гради на 16 јули 2018 година, а инвестицијата беше договорена од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.